Тројца дебитанти на поширокиот список на Миленкоски за Европската лига (ФОТО)
За Јован Милев, Митко Спасов и Филип Јованов овва е прв повик во сениорската репрезентација. Првиот дел одбојакарите ќе го поминат во Крушево, потоа од 13 мај ќе продолжат во Скопје, а во период од 27 до 29 мај ќе одогираме две контролки со Црна Гора во Подгорица.
Првиот турнир од Европската лига Македонија го игра на домашен терен во Струмица каде што прво ќе играме против Холандија на 5 јуни, а два дена подоцна против Луксембург. Потоа следи вториот турнир во Атина на кој ќе соочиме со Исланд (13 јунни), па домаќинот Грција (14 јуни).
Домаќин на третиот турнир е Косово и таму на 19 јуни ќе играме со домашната селекција, а ден подоцна со Израел.
