„Топчии“ без шампионски менталитет: Арсенал со Артета бил лидер 539 дена, а нема ниедна титула
Веројатно во тој период никој не можеше да помисли дека 22 години „топчиите“ нема да дојдат до трофеј во Премиер лигата и дека постојано ќе „каскаат“ зад ривалите. Венгер си замина, на клупата се сменија неколку менаџери, но се остана исто, во 2026 година Арсенал се уште има 13 титули, како и во 2004.
Се чинеше дека под водство на Микел Артета работите ќе се променат, Арсенал стана кандидат за титулата, но никогаш не ја освои. Се покажа дека лондонскиот клуб го нема шампионскиот менталитет, потребен за големи успеси и тоа се покажува со секоја нова сезона. Најдобра потврдат за тоа е фактот што од доаѓањето на Артета, 20 декември 2019 година, Арсенал поминал дури 539 дена на првото место на табелата во Премиер лигата, а во овој период не освоил ниедна титула.
За споредба, во истиот период Манчестер Сити бил лидер 453 дена, 86 помалку од Арсенал, па сепак освои четири трофеи и се бори за петтиот.