Минесота ја стегна одбраната и го растури Денвер (ВИДЕО)

Минесота Тимбервулфс ја покажа својата дефанзивна моќ против Денвер Нагетс, поведувајќи со 2-1 во нивната серија од првото коло на НБА плејофот со убедлива победа од 113-96 во третиот натпревар, одигран синоќа.

Мекдениелс имаше 20 поени и 10 скока, Ајо Досунму додаде 25 поени и девет асистенции од клупата, а Донте Дивинченцо имаше 15 поени и четири украдени топки за загреаниот домашен тим.

Руди Гобер, по инспиративниот настап во вториот натпревар против Никола Јокиќ, уште еднаш успеа да го запре трикратниот MVP, кој имаше многу лоша шутерска вечер (7/26 од поле), додека Тимбервулфс поставија рекорд на франшизата во плејофот, дозволувајќи им на Нагетс само 11 поени во првата четвртина.

Јокиќ заврши со 27 поени и 15 скока за Денвер, кој беше ослабен поради отсуството на Ерон Гордон. Џамал ​​Мареј постигна 16 поени со скромни 5/17 шутеви од поле. Мекдениелс, кој по вториот натпревар кога беше прашан за офанзивната стратегија на Минесота, накратко рече дека сите играчи на Денвер се „лоши дефанзивци“, покажа дека неговата проценка не била непромислена. Место да ги налути Нагетс, тој се мотивираше себеси и покажа дека таа констатација воопшто не е погрешна

Минесота ѝ дозволи на своите главни крилни играчи - Мекдениелс, Дивинченцо и Досунму - постојано да го напаѓаат обрачот, па веќе во првото полувреме беше јасно каде ќе оди натпреварот затоа што домаќините водеа со 61-39. Најмногу што успеа да се доближи Денвер во второто полувреме беа -12, но тоа се случи дури кога мечот беше решен, во финалните минути.

Четвртиот натпревар од серијата се игра повторно во Минеаполис, ако Јокиќ и компанија не успеа да направат брејк, ќе се најдат во многу тешка ситуација од која многумина не успеале да се извлечат.

РЕЗУЛТАТИ
Атланта – Њујорк 109-108 (2-1)
Торонто – Кливленд 126-104 (1-2)
Минесота – Денвер 113-96 (2-1)