Пик Сегед го потврди заминувањето на Хориха од Вардар! (ВИДЕО)

Дмитро Хориха и официјално по две поминати сезони во Вардар ќе го напушти клубот и од лето ќе го носи дресот на унгарскиот ПИК Сегед.

Украинецот со Сегед стави потпис на договор до 2028 година и во клубот имаат големи очекувања од него.

Во унгарскиот клуб тој ќе треба да го замени Рихард Бодо кој си заминува од клубот по една деценија.

„Возбуден сум што ќе имам можност да заиграм за ПИК Сегед и да ја почувствувам оваа атмосфера. Слушнав убави работи за клубот и со нетрпение чекам да ја почувствувам поддршката. Мојата цел ќе биде да дадам максимум на секој натпревар и да му помогнам на тимот во нови успеси. Со нетрпение чекам да го почнам новото поглавје“, изјави Хориха.

Пред Вардар, Хориха го носеше дресот на Мотор Политехника, Мотор Запорожје, Погон, Нава, Пајс Д’Aикс и Араби.