Дерби со роденденски спектакл: Вардар оди по победа за бод до титула!
Вардар сезонава е на добар пат да ја врати титулата и победа во денешниот натпревар, вардарци би ги донела на само бод од обезбедување на трофејот.
Исто така сигурно дека за „црвено-црните“ e важно што на тој начин би се довеле во ситуација тој бод да го освојат во следното коло против најголемиот ривал, Пелистер кој беше шампион во изминатите три години.
Сепак, има за што да играат и гостите од Автокоманда, Алкалоид сака бодови за да си ги задржи шансите за место во Европската лига следната сезона.
Не треба да се заборави и дека Вардар вечерва ќе го прослави својот 65-ти роденден и по тој повод избраниците на Чупиќ ќе играат во специјални дресови. Најавени се и забава и подароци за навивачите, а фан-зоната ќе биде поставена од 16:30 часот пред салата.