Барселона потврди: Заврши сезоната за Јамал!

Барселона потврди дека сезоната за Ламин Јамал е завршена, по повредата која ја заработи во вчерашниот натпревар против Селта Виго.

Медицинскиот тим на каталонскиот клуб се одлучил за конзервативен пристап и третман на повредата на задната ложа и тоа значи дека сезоната на клупско ниво за младиот фудбалер е завршена.

Но, за Јамал и Шпанија во овој мометн веројатно е поважно што според најавите ќе биде во целост спремен за Светското првенство кое почнува на 11 јуни.

Барселона оваа сезона веќе доживеа елиминација во Лигата на шампионите и Купот на Шпанија кој го освои Реал Сосиедад, додека во првенството имаат голема предност пред Реал Мадрид која тешко е да се очекува дека ќе испуштат дури и без Јамал во составот.