Суарез е класа, постигна спектакуларен гол (ВИДЕО)

Луис Суарез иако има 39 години сепак покажа дека и понатаму може да постигнува фантастични голови.

Интер Мајами на гостувањето кај Солт Лејк Сити славеше победа од 2-0, а вториот гол беше мајсторија на славниот Уругваецот. Суарез на одличен начин ја зафати топката, шутираше силно, а противничкиот голман немаше шанси да интервенира.

Погодокот Суарез го постигна во 83-тата, само една минута откако претходно Де Пол го отвори резултатот.