Детроит по дури 18 години конечно победи во плејоф меч на домашен терен (ВИДЕО)
Клучна беше фантастичната одбрана на домаќините, кои дозволија само 83 поени и дојдоа до првата домашна плејоф победа по цели 18 години. По израмнетото прво полувреме, Пистонс ја решија дилемата во третата четвртина која ја добија со убедливи 38-16. Најдобар на теренот беше Кејд Канингам со 27 поени и 11 асистенции.
Со оваа победа, Детроит стави крај и на црната серија од 11 порази по ред на домашен терен во плејоф натпревари. Следните два меча од првата рунда од плејофот во НБА се играат на Флорида.
ФОТО: X / @DetroitPistons