Катастрофа за Бразил: Естевао ќе го пропушти Мундијалот!

Челси доби ужасни вести од медицинскиот тим поврзани со младиот и талентиран бразилски фудбалер Естевао, кој се здоби со повреда на дербито против Манчестер јунајтед.

Бразилецот се повреди во дербито против „црвените ѓаволи“, по што мораше да го напушти теренот, а деталните прегледи покажаа дека има сериозна повреда на задната ложа, поради која ќе паузира неколку месеци.

Оваа вест најверојатно значи дека Естевао ќе го пропушти и Светското првенство (СП), иако селекторот Карло Анчелоти се надеваше дека ќе може да смета на фудбалерот на „сините“.

Естевао оваа сезона за Челси настапи на 36 натпревари, при што постигна осум голови и четири асистенции.

Фото: Chelsea FC/Facebook