Aмериканците во шок: Нема интерес за нивните натпревари на Мундијалот?!

Продажбата на билети за првиот натпревар на САД на Светското првенство оди значително послабо во однос на останатите натпревари што ќе се играат во Лос Анџелес, покажуваат податоците кои ги објави „Атлетик“.

Имено за натпреварот меѓу САД и Парагвај на 12 јуни биле продадени 40.934 билети. За разлика од тоа, за дуелот меѓу Иран и Нов Зеланд, кој се игра три дена подоцна на истиот стадион, продадени се 50.661 билети.

Стадионот има капацитет од нешто повеќе од 60.000 гледачи, меѓутоа не значи дека досега непродадените билети сите се во продажба, бидејќи не е јасно дали во нив се вклучени корпоративни пакети и други билети што не се во јавна продажба. 

ФИФА го рангираше натпреварот САД - Парагвај како трет најскап на целиот турнир, веднаш зад финалето и едно полуфинале. Сепак, билетите од прва и втора категорија со цени од 2.730 и 1.940 долари, останале достапни во сите фази од продажбата, што јасно укажува дека високите цени ги откажале навивачите.

За разлика од ова, за повеќето други натпревари интересот е огромен и билетите се распродаваат експресно. Поради големата побарувачка, ФИФА и ги зголеми цените за многу средби, често и за стотици долари. Но, за дуелот САД - Парагвај цените останаа непроменети. Ова е единствениот натпревар во кој учествува некој од организаторите, САД, Канада или Мексико, а цените не се зголемени во последните шест месеци.

За споредба, билет од прва категорија за првиот натпревар на Мексико против Јужна Африка пораснал од 1.825 долари во октомври на дури 2.985 долари сега. 

Фото: EPA