Бонучи има голема желба за нов селектор на Италија: Можеме да сонуваме...

Леонардо Бонучи зборуваше за ситуацијата во италијанската репрезентација истакнувајќи дека според него идеален човек за нов селектор би можел да биде Пеп Гвардиола.

Италија по трет пат по ред не успеа да се квалификува на Светското првенство, откако нивните надежи беа згаснати од Босна и Херцеговина, а веднаш потоа Гатузо ја напушти селекторската позиција и негов наследник треба да биде назначен на 22 јуни.

Пријателските натпревари на почетокот од јуни против Грција и Луксембург ќе ги води селекторот на У21 репрезентацијата на Италија, Силвио Балдини.

„Читав во весниците дека Гвардиола е опција, како и Конте или Алегри. Најважно е да започне ново поглавје за италијанскиот фудбал и за играчите. Го почитувам, мислам дека е еден од најдобрите тренери во светот, па би можел да биде многу важен за нас“, изјави Бонучи.

Сепак поранешниот фудбалер на Јувентус е свесен дека е тешко за очекување Гвардиола да ја преземе Италија.

„Мислам дека тоа е многу тешко, но ништо не нè чини да сонуваме“, порача Бонучи.