Скандал ја тресе Италија, вмешани биле фудбалери од Серија А!

Во Италија спроведена е голема полициска акција која разоткри мрежа на луксузна проституција поврзана и со фудбалери од највисокиот ранг.

Италијанската полиција под надзор на обвинителката Бруна Албертини, разби организирана група која, под маска на агенција за организација на настани, на богати клиенти им нудела ексклузивни аранжмани со ескорт-дами.

Како што пишува „Газета“, во целиот систем биле вклучени посредници и ПР агенти.

Истрагата покажала дека станува збор за добро разработен бизнис модел, во кој на клиентите им биле нудени излегувања во елитни милански клубови, а потоа и престој во луксузни хотели со дополнителни услуги. Особено се издвојувала „услугата по натпреварите“, наменета за спортисти, меѓу кои и фудбалери од Серија А.

Вкупниот промет на организацијата се проценува на над 1,2 милиони евра, а во судските документи се споменуваат најмалку 50 познати клиенти.

Во бизнисот, покрај професионални ескорт-дами, биле вклучени и помлади девојки кои добивале половина од заработката. Четворица главни осомничени се соочуваат со тешки обвиненија, меѓу кои поттикнување и искористување на проституција, перење пари и здружување во криминална организација.

Фото: EPA