Барселона подготвува чистка: Рашфорд, Левандовски и уште тројца на излезна врата!
Каталонците имаат убедлива предност пред Реал Мадрид, но разочараа во Лига на шампиони, каде што беа елиминирани уште во четврт-финалето од Атлетико Мадрид, што ги натера раководството и тренерот Ханси Флик да планираат сериозни промени. Според шпанските медиуми, дури петмина фудбалери би можеле да го напуштат клубот, меѓу кои и Маркус Рашфорд, кој настапува како позајмен од Манчестер Јунајтед. Иако Барселона има опција да го откупи за 26 милиони фунти, клубот не е подготвен да ја активира таа клаузула, особено откако не успеа да договори пониска сума со англискиот тим.
Англичанецот има солидна сезона со 12 голови и 13 асистенции, но постои голема веројатност да се врати во Манчестер по Сп 2026. Дополнително, неговата висока плата е сериозен товар, а „црвените ѓаволи“ се обидуваат да го намалат буџетот за плати. На излезна врата е и искусниот напаѓач Роберт Левандовски, чиј договор истекува на крајот од сезоната. Полјакот, кој пристигна од Баерн Минхен во 2022 година, сè уште нема најава за продолжување на соработката, а неговата возраст и честите физички проблеми го ставаат под знак прашалник.
Каталонците сакаат да ослободат простор во буџетот, па меѓу потенцијалните заминувања е и Френки де Јонг, еден од најплатените играчи во тимот. Неговата продажба би можела значително да го олесни финансискиот товар на клубот. Покрај нив, на списокот за заминување се и Андреас Кристенсен, поранешен дефанзивец на Челси, чиј договор истекува, како и младиот Марк Касадо, кој не добива доволна минутажа покрај конкуренцијата во средниот ред.
Барса со овие потези се подготвува за нов циклус и освежување на тимот во обид повторно да биде конкурентна и на европската сцена.
ФОТО: EPA PHOTO