Синот на легендарниот Клинсман скрши врат среде натпревар (ВИДЕО)

Страшен инцидент се случи во Италија, кога голманот Џонатан Клинсман доживеа тешка повреда на дуелот меѓу Чезена и Палермо.

Синот на легендарниот Јирген Клинсман се судри со противнички фудбалер, по што медицинските екипи мораа да интервенираат на теренот.

По подолг период, Клинсман беше изнесен од теренот со носилки, а потоа беше потврдено дека го скршил вратот и го чека долга пауза надвор од терените.