Убедлив пораз на Македонија: Младите фудбалери загубија од Турција

Македонската фудбалска репрезентација до 16 години загуби од Турција со 0-4 на развојниот турнир што се одржа во Струмица.

Турција постигна гол по 11 минути игра, по лошата реакција на македонските фудбалери, а шест минути подоцна Харман зголеми на 2-0.

Харман беше стрелец и на третиот гол за гостинската селекција во 29. минута,додека конечните 4-0 ги постави Кадир Јавуз во второто полувреме.

Во вториот меч од последното коло, Узбекистан ја совлада Северна Ирска со 3-2.