Анчелоти даде прогноза за следниот освојувач на трофејот во ЛШ

Италијанскиот тренер Карло Анчелоти, кој со години е дел од врвот на светскиот фудбал и тренираше големи екипи, ја кажа својата прогноза за следниот освојувач на трофејот во Лигата на шампиони (ЛШ).

ПСЖ го брани пехарот во елитното натпреварување, а Анчелоти смета дека францускиот гигант има сила да ја одбрани титулата во ЛШ.

„Сметам дека ПСЖ ќе ја освои својата втора Лига на шампиони оваа сезона“, кажа Анчелоти.

Во полуфиналето на ЛШ ќе се соочат Арсенал и Атлетико Мадрид, односно Баерн Минхен и ПСЖ.