Ал Наср му носи големо засилување на Роналдо за следната сезона!

Саудискиот тим Ал Наср планира да ангажира уште една голема ѕвезда од Премиер лигата, а станува збор за Мохамед Салах чиј договор со Ливерпул завршува на крајот на сезоната.

Искусниот египетски репрезентативец би можел да заигра заедно со Кристијано Роналдо во Ал Наср, па така Ал Наср би добил еден од најсилните напади.

Салах го напушта „Енфилд“ по девет сезони, а досега за Ливерпул постигна 256 голови и 122 асистенции на 438 настапи.

Фото: AlNassr Saudi/Facebook