Барса му понуди многу полоши услови на Левандовски - земи или остави

Полскиот репрезентативец Роберт Левандовски е на работ да ја напушти Барселона, откако влезе во последните денови од договорот кој истекува на крајот од оваа сезона.

Иако има 37 години, Полјакот сè уште го привлекува вниманието на бројни клубови, а од Каталонија пристигнуваат вести дека му е понуден нов договор без простор за преговори. Значи, на принципот „земи или остави“. Барселона е подготвена да му понуди едногодишно продолжување, но со значително пониска плата, наводно до 50 проценти пониска од неговата сегашна.

Ваквите услови јасно укажуваат на она за што се шпекулираше нашироко... Барселона повеќе не смета на него како главна опција во нападот и бара ново решение за позицијата „број девет“.

Со оглед на големите финансиски понуди што наводно ги има однадвор, најверојатно од Саудиска Арабија, сè поизвесно е дека Левандовски нема да ги прифати овие услови и дека ќе ги напушти редовите на шпанскиот шампион на лето.