Ла Лига одлучи, последното „Ел Класико“ сезонава го доби конечниот термин!

Шпанската Ла Лига денеска ги потврди термините за натпреварите од 35. коло, во кое на програмата е и „Ел Класико“ меѓу Барселона и Реал Мадрид. 

Спектаклот е закажан за на „Камп Ноу“ на 10 мај, со почеток од 21 часот. Како што е познато, тимот на Ханси Флик би можел токму пред овој натпревар и официјално да ја обезбеди шампионската титула.

Барселона во моментов е лидер на табелата со 79 бодови, девет повеќе од второпласираниот Реал.

Доколку ја задржи предноста до крајот, за каталонскиот гигант ова ќе биде втор трофеј сезонава, по триумфот во Суперкупот на Шпанија, додека Реал втора година по ред би останал без освоен пехар.

Фото: EPA