Eкс-тренерот на Елмас за првпат ќе води клуб од Премиер лигата
Розе потпиша тригодишен договор со раководството на клубот, додека финансиските детали засега не се објавени. Неговиот последен ангажман беше во родниот Лајпциг каде што во еден период соработуваше и со македонскиот репрезентативец, Елиф Елмас.
Претходно, Розе ги предводеше и Салцбург, Борусија Менхенгладбах и Борусија Дортмунд.
Борнмут во моментов се наоѓа на осмото место во Премиер лигата и има реални шанси да избори пласман во Лига Европа следната сезона.