Сензационална најава: Мурињо се враќа во Реал Мадрид!?
Реал Мадрид има катастрофална сезона и поради тоа претседателот на „кралевите“, Флорентино Перез решил да побара квалитетно и искусно решение за тренерската позиција.
Мурињо претходно посочи дека негов приоритет во моментов е да ја заврши сезоната на најдобар начин со Бенфика, по што ќе ги разгледа опциите за иднината.
Португалецот претходно беше тренер на шпанскиот гигант, и тоа од 2010 до 2013 година.
Фото: Facebook/Sport Lisboa e Benfica