Шок во Италија: Фудбалери од Серија А вмешани во мрежа со проституција!?
Истрагата која се води во Милано открила групи кои работеле регистрирани како фирми за организација на настани, а клиенти биле богати бизнисмени, но и фудбалери од Серија А.
На фудбалерите им се нудел „посебен пакет“, кој вклучувал резервација и ноќна забава во најпознатите клубови, сместување во луксузни хотели и услуги на професионални ескорт дами. Цените на овие услуги изнесувале и по неколку илјади евра, а парите завршувале кај криминална организација.
Истражната судијка Кјара Валори издаде наредби за домашен притвор за четири лица кои се осомничени дека го воделе бизнисот.
Засега не се откриваат имињата на фудбалерите, но медиумите пишуваат дека голем број од клиентите биле ѕвезди во Серија А.