Ендрик по победата над ПСЖ: Мојот одговор го давам на теренот! (ВИДЕО)
Ендрик постигна гол во шестата минута, а потоа во 18. минута му асистираше на Мореира за водство од 2-0.
Пред извесно време тој беше јавно критикуван од тренерот Фонсека дека треба да игра подобро.
„Мојот тренер јавно кажа дека бара повеќе од мене? Немам проблем со мојот тренер. Никогаш не сум се вознемирил поради коментарите, само почнав да работам уште понапорно. Знам дека мојот одговор треба да го дадам на теренот“, рече Ендрик по вчерашниот меч.