Ракометарите на Вардар предводени од фантастичниот Валах на голот кој блескаше во финишот славеа победа од 24-23 и така стигнаа до својот 18-ти куп-трофеј.

Дербито за трофејот во купот како и што се очекуваше донесе голема борба и неизвесност до самиот финиш. Почетните минути му припаднаа на Вардар кој набрзина во првите шест минути дојде до воство од 4-1.

Предноста на избраниците на Чупиќ одеше до највисоки четири гола кога беше 8-4, точно на половина од првиот дел. Тогаш следуваше еден добар период на охриѓаннжи кои на пет минути пред паузата по подолго време дојдоа на негатива од еден гол 8-9. Немаше поголеми промени и до крајот па Вардар на одмор замина со предност од 13-12.

За разлика од првиот дел, второто полувреме Охрид заигра подобро и како што одминуваажше времето изгледаше дека полека ја презема контролата. Така стигнаа и до првото водсвото на средбата на 20 минути пред крајот. Момците на Ројевиќ имаа и серија од 3-0 со која и поведоа 20-17. Тоа беа и нивните најдобри минути на средбата.

Вадар по краткиот пат и тајм-аутот на Чупиќ, брзо се консолидираше, па во последните 15 минути се влезе со нерешен резултат 21-21. По израмнувањето на Вардар следуваше период е речиси пет минути, па повторно видовме по еден набрзина на двете страни за 22-22 на истекот на 50-тата минута.

На голот на Вардар во завршницата блескаше Валах кој шест минути не беше совладан, а во тој период Вардар поведе со 24-22. Охрид постот го прекина со гол на Јасихура од седмерец.

Последната шанса за израмнување Охрид ја пропушти во последниот напад со неуспешен цепелин, па резултатот остана 24-23. Jaка Малус беше најефикасен кај Вардар со осум гола, шест постигна Хориха, додека на спротивната страна по пет имаа Ѓукиќ и Јасухира.