Јувентус се прости од Манингер пред мечот со Болоња (ВИДЕО)

Пред денешниот натпревар од Серија А против Болоња, Јувентус се прости од својот поранешен голман Алекс Манингер кој пред неколку дена трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа.

Делегација на торинскиот клуб положи цвеќе на теренот на Алијанц стадионот, а навивачите скандираа Алекс Манингер.

Австрискиот голман беше член на Јувентус од 2008 до 2012 година и освои една шампионска титула во Серија А.