ЛШ сѐ поблиску: Јунајтед го победи Челси и се бетонира на третото место (ВИДЕО)
„Сините“ се директен ривал за место во елитното европско натпреварување, но по денешниот пораз остануваат далеку од конкуренција бидејќи заостануваат четири бода во однос на Ливерпул, со натпревар повеќе. Ова беше четврти пораз по ред за Челси кој последен пат забележа победа на 4 март.
Голот за победа на Јунајтед го постигна Куња во 43. минута и тоа се покажа како единствен директен шут на гостите на овој натпревар. Фудбалерите на Челси уопатија дури 21 шут, но само три во рамките на голот на Јунајтед.