Гостивар по продолжение го доби Работнички, Куманово подобар од Чаир
На неколку пати во натпреварот Гостивар имаше и двоцифрена преднсот, меѓутоа Работнички не се откажуваше и успеа во последните моменти да се врати. Сепак, како да немаа сили во завршните минути.
Најзаслужни за победата на гостиварци беа Црниќ и Димитриевски кои уфрлија по 17 поени, додека на спротивната страна Рикиќ броеше до 19.
Инаку Гостивар до крајот има само теоретски шанси за опстанок за нив ова беше трет триумф во низа на домашен терен. Кога е Работнички во прашање потребни им се уште две победи за и сигурно да избегнат преселба во понизок ранг.
Важна победа во плеј-аутот славеше Куманово кој на гости го совлада Чаир со 91-83 и така го презеде врвот во разигрувањето. Претходно денеска Ангели го изненадија Феникс со 85-84.