Бадијала одличната игра на Димитријевиќ, Барселона го растури Баерн
Барса славеше со 95-69 и ги освои деветтото место по основниот дел, па ѝ следува настап во плејинот. Димитријевиќ на теренот помина нешто помалку од 17 минути и за тој период постигна 15 поени со што беше втор стрелец кај Баерн, зад Мајк кој реализира 17.
Црвена Звезда е најголем губитник по последното коло бидејќи го освои десеттото место и ѝ се потребни две победи на гостински терен за да дојде до плејофот. Прво ќе гостува кај Барселона, а со евентуален триумф, оди кај поразениот од дуелот меѓу Панатинаикос и Монако кои ја сочинуваат втората плејин двојка. Во најдобар случај, Звезда би била осмопласирана и во четвртфинале би играла со Олимпијакос.
Познати се и две двојки за плејофот, Реал ќе се сретне со Хапоел Тел Авув, а Фенербахче со Жалгирис.
РЕЗУЛТАТИ
Жалгирис - Париз 85-79
Монако - Хапоел 105-85
Дубаи - Валенсија 85-95
Панатинаикос - Анадолу Ефес 97-62
Барселона - Баерн 95-69