Митев: Со толку повредени играчи, не можевме повеќе да парираме

Алкалоид не успеа да се избори за ново финале во Купот на Македонија откако својот пат во ова натпреварување го заврши денеска, со дуелот против Вардар.

Тимот од Автокоманда покажа голема желба, се бореше до крај, но го доживеа четвртиот пораз од Вардар сезонава. Дамјан Митев е задоволен од играта, но смета дека екипата не можела повеќе со актуелниот играчки кадар.

„Натпреварот беше тежок за нас бидејќи имаме многу повредени играчи. Првото полувреме го одигравме одлично, но пресуди вториот дел, ни падна ритамот, се боревме, оставивме срце на терен, но толку можевме. Му честитам на Вардар и му посакувам многу среќа во финалето“, рече Митев.