Георгиевски: Пресуди второто полувреме, очекувам ваква игра и во финалето

Вардар в недела ќе го брани трофејот во Купот на Македонија откако денеска убедливо го совлада Алкалоид.

„Црвено-црните“ имаат шанса да дојдат до двојна круна оваа сезона, а првиот чекор кон тој подвиг ќе биде неделното финале против Охрид. Тоа ќе биде можност и за ветеранот Гоце Георгиевски да ја збогати својата колекција трофеи. Крилото на Вардар беше задоволно од прикажаното денеска и посакува реприза в недела.

„Добар натпревар, игравме против тим што добро го знаеме. Второто полувреме пресуди, во првиот дел се играше понервозно и динамично. Во вториот дел ние наметнавме темпо, направивме висока предност и го решивме победникот. Им честитам на соиграчите за пожртвуваноста и се надевам дека исто вака ќе одиграме и в недела“, рече искусниот крилен играч.