Во Реал ја сфатиле грешката – Лука Модриќ!
Според него, „важните луѓе во Реал веруваат дека на тимот му недостасува лидер и дека заминувањето на Модриќ оставило празнина што никој не можел да ја пополни“. Хрватскиот репрезентативец го напушти клубот минатото лето по 13 години во него, во кои стана најодликуваниот играч во историјата на Реал со 28 освоени трофеи. Иако сакаше да ја заврши кариерата во Мадрид, клубот не му понуди нов договор, што доведе до негова преселба во Милан.
Се очекуваше Карвахал да ја преземе улогата на лидер, но тоа не се случи, што дополнително го засили впечатокот дека Реал изгубил клучна фигура која поврзуваше генерации играчи.
Како што сезоната се ближи кон крајот, во Мадрид веќе се најавуваат големи промени, вклучувајќи евентуално реструктуирање на тимот и редефинирање на улогите во соблекувалната.