Слот вечерва направи бизарен потег каков што ретко се гледа
Имено, Слот на полувремето направи двојна измена, а меѓу оние кои влегоа во игра беше и дефанзивецот Џо Гомез, кој го замени Жереми Фримпонг. Сепак, само дваесетина минути подоцна, поточно во 67. минута, Слот реши повторно да интервенира и го повлече Гомез од теренот, а на негово место шанса доби младиот офанзивец Рио Нгумоха.
Тоа што го прави потегот чуден е фактот што немаше никакви информации за повреда кај Гомез, па не е јасно зошто Холанѓанецот се одлучи на вакво нешто.
Само пет минути по оваа измена, Ливерпул прими гол за 0-1, а до крајот и уште еднаш се тресеше мрежата на „црвените“.
Фото: EPA