Еден од најблиските луѓе на Меси си замина од Интер Мајами!

Хавиер Маскерано кој беше еден од најблиските луѓе на Меси во Интер Мајами сосема неочекувано одлучи да го напушти клубот.

Информацијата за неговото заминување официјално ја потврди и клубот од МЛС лигата.

„Хавиер Маскерано одлучи да стави крај на својот мандат како главен тренер. Како голем шампион заедно со неговите соработници секогаш ќе биде дел од семејството на Интер Мајами“, соопштија од клубот.

Според информациите од САД, привремен тренер на Меси и друштвото ќе биде Гиљермо Хојос кој наводно и веќе одработил еден тренинг со екипата.

Ќе потсетиме, со Маскерано на клупата, Интер Мајами успеа да дојде до титула во МЛС лигата.

Фото: EPA