Робен предизвика скандал во натпревар на дечиња до 14 години (ВИДЕО)
Имено, телевизискио водител Вилфред Гене објави снимка на која се гледа како Робен го турка по една вербална расправија.
До инцидентот дошло по натпреварот во кој екипата до 14 години на Гронинген, предводена од Робен, загубила со 1-0 од водечката Викторија, за која настапува синот на Гене. По последниот судиски свиреж избувнала расправија меѓу Робен и судијата, по што Гене одлучил да интервенира.
Во тој момент, Робен го оттурнал водителот и му се обратил со зборовите: „Не се мешај.“ Снимката од настанот предизвика изненадување и кај Јохан Дерксен, колега на Гене и поранешен фудбалер.
„Ти се смееш, но мене воопшто не ми е смешно кога те оттурнува рекордерот по број на настапи за репрезентацијата. Мора навистина да си го испровоцирал“, изјави Дерксен.