Бизарна несреќа во Германија: Екс-фудбалер загина во судир со елен
Виршинг, кој во елитното друштво на германскиот фудбал одигра 72 натпревари, го загубил животот по судир со елен додека возел велосипед. Несреќата се случила за време на неговиот редовен тренинг на федералниот пат меѓу Попенрот и Бад Кисинген. Во еден момент се судрил со животното, паднал и силно ја удрил главатa, a притоа во тие моменти бил без заштитна кацига.
На патот го пронашол возач кој минувал во близина и веднаш повикал итна помош. Докторите му укажале прва помош на лице место и го пренеле во болница, но и покрај нивните напори, Виршинг им подлегнал на повредите.
Неговиот брат Дитер открил дека Виршинг претрпел тешка фрактура на черепот со обилно крварење, поради што шансите за преживување биле речиси никакви.
Најголем белег во кариерата остави настапувајќи за Нирнберг, за кој одигра 72 натпревари во Бундеслигата. Врвот на кариерата го достигна во текот на 90-тите години од минатиот век, а активното играње го заврши во 2001 година во Вирцбург.