Босанците одредија скапи карти за мечот со Македонија - навивачите бесни!

Фудбалската федерација на БиХ ги одреди цените на влезниците за натпреварот против Македонија кој ќе се одигра на 29 мај на Кошево и ќе претставува една од пробите за Босанците за Светското првенство.

Одлуката не ги воодушеви, напротив, ги изнервира навивачите кои сакаа да го исполнат стадионот и достојно да ги испратат фудбалерите кон Америка. Цените се поделени во три категории, а чинат по 15, 20 и 25 евра. Во продажба ќе бидат пуштени идната недела, а Фудбалската федерација одлучи секој заинтересиран да може да купи максимум по две влезници.

Реакциите на социјалните мрежи се жестоки, навивачите сметаат дека цените не требало да бидат повисоки од пет евра и обвинуваат дека се работи за грабеж.