Толку беше од Лукаку во Наполи...
Неговите постојани проблеми со мускулите го принудија да отсуствува 176 дена и да пропушти 31 натпревар. Одигра само седум натпревари (64 минути)... и постигна еден гол. Последната капка ја прелеа чашата за време на репрезентативната пауза. Тој требаше да патува со Белгија во САД, но остана, според Федерацијата, „за да ја оптимизира својата физичка состојба“. Скандалот избувна кога Наполи побара да се врати во Италија... а напаѓачот одби.
Интересно е тоа што сè уште не се вратил. Неговото враќање е закажано за 20 април. Наполи, во секој случај, веќе презеде мерки, тврдат италијанските медиумим. Одлуката на клубот е да го тргне Лукаку до крајот на сезоната, а тоа значи дека тој нема да игра повторно под водство на Антонио Конте. Тренерот, со кого претходно работеше во Интер, ја поддржува одлуката.
Наполи, исто така, одлучи да го продаде Белгиецот претстојното лето. Наводно е поставена и цената, ниска, се разбира: Лукаку би заминал за 10 милиони евра.