Брера и Македонија ЃП до реми што никому не му одговара

Екипите на Брера и Македоннја ЃП одиграа 1-1 во последниот натпревар од 27. коло на Првата македонска фудбалска лига.

Резултатот не одговара на ниеден од двата тима бидејќи Брера го загуби чекорот со Арсими во борбата за директен опстанок, а Македонија ЃП пропушти можност да излезе од зоната за испаѓање и да се израмни со Пелистер. Единствена добра работа за ѓорчепетровци е тоа што ја прекинаа серијата од пет порази во првенството, но опстанокот ќе го брка во последните шест кола, со директните ривали од кои прв е токму Пелистер.

Брера го отвори резултатот на денешниот натпревар во 22. минута преку Филип Михаилов кој беше прецизен од белата точка. Израмнувањето се случи во 57. минута кога Ајдоган погоди за Македонија ЃП, но до крајот на мечот немаше поголемо возбудувања.

Интересно е тоа што и претходниот натпревар на овие две екипи во Струмица, одигран во февруари, резултатот беше 1-1.

Standings provided by Sofascore