Џон Тери стана сопственик на англиски клуб

Поранешниот капитен на Челси и англиската репрезентација, Џон Тери, би можел повторно да се врати во фудбалот и тоа како дел од конзорциумoт кој го презема Колчестер јунајтед.

Британските медиуми пренесуваат дека зделката била завршена за 14 милиони фунти, а Тери бил на чело на конзорциумот и ќе има важна улога во спортскиот сектор и управувањето на клубот во иднина.

Колчестер веќе неколку месеци беше ставен на продажба, откако сопственикот Роби Каулинг јавно најави дека е подготвен да се повлече и да му го препушти клубот на ново раководство.

Во моментов, тимот се наоѓа во средината на табелата во Лига 2.