Реал Мадрид сака да го врати Тони Крос - почнати се преговорите!

Поранешниот германски фудбалер и легенда на Реал Мадрид, Тони Крос наскоро би можел да се врати на шпанскиот гигант, но во поинаква улога.

„Кралевите“ планираат да го вратат Крос во екипата, односно да му понудат важна улога во менаџментот на клубот.

Дел од медиумите пренесуваат дека преговорите се веќе започнати и најверојатно од следната сезона повторно ќе го гледаме Германецот во шпанскиот тим.

Крос играше за „кралскиот клуб“ од 2014 до 2024 година, откако претходно го носеше дресот на Баерн Минхен и Баер Леверкузен.