„Хари Кејн може да ја освои Златната топка“

Англискиот напаѓач, Хари Кејн игра уште една фантастична сезона, а некои сметаат дека тој треба да ја добие Златната топка.

Бруно Фернандеш смета дека ако Кејн останел во Тотнем ќе станел вистинска легенда на Премиер лигата бидејќи ќе станеше најдобар стрелец на сите времиња во англиската лига, но во Баерн има шанси и за Златната топка.

„Ако тој останеше во Тотнем уште една или две сезони, ќе станеше најдобар стрелец во Премиер лигата на сите времиња. Па, дали ќе беше легенда? Да“, вели Фернандеш.

„Тој одлучи да оди во Баерн и одлуката е добра бидејќи тој знае дека таму има голема шанса да освојува трофеи. И сега зборуваме за Хари Кејн кои постигнува ист број на голови како и во Тотнем, но сега можеби ќе ја освои Златната топка бидејќи освојува и трофеи“.