Македонските ракометарки во Словенија бркаат пласман на Европско првенство

Женската репрезентација на Македонија, денеска од 18 часот го игра последниот натпревар од квалификациите за Европското првенство 2026 година, гостуваме на селекцијата на Словенија.

Словенечките ракометарки се фаворитки во овој дуел, тие славеа во Скопје со 28-20. Но, Македонија има реални шанси да избори пласман на Европското првенство.

Место на континенталниот собир ќе обезбедат првопласираните и второпласираните селекции, како и четирите најдобро третопласирани репрезентации од шестте групи.

По завршувањето на квалификациите, од табелата за третопласираните селекции ќе се одземат натпреварите против најслабите противници во групите, па гол разликата ќе стане клучна за изгледот на таа табела.

Македонија ако не може да ја победи или да одигра реми против Словенија, ќе се обиде да загуби со што е можно помалку голови разлика. Шансите да безбедиме место на Европското првенство се реални, а математиката ќе се прави вечер.

Сите натпревари од квалификациите почнуваат од 18 часот.