Анчелоти попушта: Нејмар има два месеца да докаже дека заслужува да игра на СП 2026!
Искусниот стратег нагласи дека напаѓачот, кој во кариерата настапуваше за Барселона и ПСЖ, а сега е дел од Сантос, сè уште има шанса да се избори за место во тимот.
„Нејмар има уште два месеца за да покаже дека има квалитет и дека заслужува да биде дел од тимот за Мундијалот. Тој може да се врати на 100-отсто од својата физичка подготвеност. Разговаравме повеќепати и пораката е јасна – повик ќе добијат само оние кои се целосно подготвени. По повредата на коленото, Нејмар повторно пронајде форма, се врати на теренот и постигнуваше голови. Треба да продолжи во тој ритам и дополнително да ја подобри физичката состојба. Верувам дека е на добар пат“, изјави Анчелоти.
Мундијалот, кој ќе се одржи во САД, Канада и Мексико, почнува на 11 јуни.