Интер не губи, ама не ни победува – ново реми за тимот на „мирниот“ Меси (ВИДЕО)
Головите за домашниот тим ги постигнаа Матео Силвети и Херман Бертерам, додека легендарниот Лионел Меси го одигра целиот натпревар, но не се запиша во листата на стрелци, ниту, пак, имаше некоја асистенција. Ова беше втор натпревар по ред за Интер на новиот стадион „Ну“ кој завршува со идентичен резултат (2-2).
Тимот од Мајами ја продолжи серијата без пораз на осум натпревари во сите конкуренции, но дури пет од нив завршија без победник.