Тенисерките поразени од Австрија во Бања Лука за крај на БЏК Купот

Македонската женска тениска репрезентација со пораз го завшрши настапот во Втората Евро-африканска зона од Били Џин Кинг купот кој се играше во Бања Лука.

Нашите тенисерки во дуелот за подобар пласман денеска беа поразени од Австрија 2-0.

 И во двата мечеви во сингл македонските претставнички загубија со по 2-0. Клаудија Гаспаровиќ беше подобра од Ана Митевски со 6-2 и 6-4, додека Сара Митевска загуби од Екатерина Перелигина со 6-2 и 6-4.

И покрај победата Австрија заедно со Македонија ја напушта Втората Евро-африканска зона.