Брегалница се искачи на врвот по киксовите на Охрид и Шкендија Арачиново (ВИДЕО)
Брегалница одигра фантастичен натпревар против Големо Коњари, а во период од осмата до десеттата минута постигна дури три голови преку Капсаров, Михолов и Калпачки.
Мемеди ја продолжи голгетерската серија на тимот од Штип, па погоди за 4-0, додека останатите два погодоци беа постигнати преку Михолов и Бојџиев во вториот дел од натпреварот.
Шкендија Арачиново не успеа да слави на гости кај Осогово во Кочани, иако имаше предност до 90. минута кога домаќинот погоди за конечни 1-1.
Охрид, исто така, на гостувањето кај Саса во Македонска Каменица освои само еден бод (1-1).
Табела: Брегалница 55, Охрид 53, Скопје 53, Шкендија А. 53, Беласица 48, Детонит Плачковица 44, Осогово 44...
Останати резултати:
Кожуф – Слога Виница 5-2
Новаци – Скопје 0-1
Победа – Беласица 0-5
Тетекс – Преспа 2-0
Вардар Неготино – Детонит Плачковица 0-3
Фото: Брегалница ФК