Леверкузен го сопна Дортмунд и му направи услуга на Баерн Минхен (ВИДЕО)

Дербито меѓу Борусија Дортмунд и Баер Леверкузен во 29. коло од Бундеслигата заврши со победа на „фармацевтите“ од 1-0, а тоа најмногу во прилог му оди на лидерот Баерн Минхен.

„Милионерите“ беа подобар противник на теренот, но не беа прецизни во нападот, односно имаа само еден удар во рамки на голот на Леверкузен.

Голот за победа на „фармацевтите“ го постигна Роберт Андрих во 42. минута од натпреварот со што им донесе големи три бодови на гостите.

Останати резултати:

Хајденхајм – Унион Берлин 3-1
Лајпциг – Борусија Менхенгладбах 1-0
Волфсбург – Ајнтрахт Франкфурт 1-2