Кожув го намачи МЗТ, фаворитот тешко до прва победа во плеј-офот
Почетокот на натпреварот донесе подобра игра на кошаркарите на Кожув кои стигнаа и до двоцифрена предност (16-27), сепак до крајот на првиот период МЗТ ја намали негативата до седум поени, па на семафрото стоеше (20-27).Го одржуваа гостите од Гевгелија водството и во вториот период, меѓутоа на одмор замина со предност од само два поени (42-40).
Третиот период донесе најмногу промени на водството, две екипи на неколку пати се менуваа, во последниот одлучувачки период Кожув водеше минимално со 60-59. Но, тоа што го градеа и одржуваа речиси цел натпревар се урна во самиот финиш кога како да загубија сили и фаворитот го покажа својот квалитет, па дојде до победа на стартот од плеј-офот.
Најрасположен со дабл-дабл кај МЗТ беше Дамјан Стојановски со 21 поен и 10 скока, а исто така 21 поен постигна и Душан Танасковиќ. Во редовите на Кожув се истакнаа Боуен со 24 поени и 15 скока, додека Николас додаде 20 поени.
Претходно денеска победа запиша и ТФТ над Тиквеш.