Koшаркарите на ТФТ му вратија на Тиквеш за поразот пред шест дена и денеска во плеј-офот на свој терен славеа победа од 80-74.

Натпреварот донесе борба на паркетот и неизвесност, а на крајот домаќините беа подобри во клучните моменти и така дојдоа до победата. По првиот период ТФТ имаше водство од 17-14. Во продолжение предноста одеше до највисоки пет поени, но тогаш гостите ја преземаа иницијативата и на одмор заминаа предност од шест поени (35-29).

По враќањето на паркетот улогите се сменија сега од средината овој период ТФТ повторно заигра подобро направи пресврт и дојде до највисоките „плус 13“ во воој нматпревар (58-45). Во последниот период се влезе со 59-51 на семафорот.

Таа разлика се покажа и како одлучувачка бидејќи Тиквеш не успеа целосно да се врати во натпреварот и мораше да се помири со поразот.

Најефикасен беше Зафиров со 20 поени, Гордон уфрли 17, додека кај Тиквеш Хокинс исто така броеше до 20.