Германец може да го води Реал следната сезона!
Шпанските медиуми пренесуваат дека првиот човек на клубот, Флорентино Перез, донел одлука Арбелоа да не остане на клупата и следната сезона, а веќе се размислува и за тоа кој би можел да го замени.
Како сериозна опција во шпанските медиуми се појави и името на Јулијан Нагелсман, актуелниот селектор на Германија, кој веќе подолг период нема клупски ангажман. Иако во медиумите се споменуваше и Дидие Дешан, сепак наводно Перез повеќе бил за германскиот стратег.
Покрај германската репрезентација, Нагелсман во кариерата ги предводеше Хофенхајм, Лајпциг и Баерн Минхен.